Нови цени на горивата од полноќ
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,65% во однос на одлуката од 13.11.2023 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,158%, кај дизелот има намалување за 0,807%, кај екстра лесното масло намалувањето е за 1,158% и кај мазутот намалувањето е за 1,035%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,562%.
Од 21.11.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 80,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 82,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 77,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 75,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 42,773 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 0,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 1,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,559 ден/кг и сега ќе изнесува 42,773 ден/кг.
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 21.11.2023 година.
Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, стои во соопштението од РКЕ.
Ново на Сител
-
Најмалку 23 лица починаа од колера во источна Етиопија
-
На маргините на Министерскиот состанок на ОБСЕ потпишана заедничка изјава за борба против корупцијата
-
Силен земјотрес во Грција
-
Протест во Атина на лекарите во државните болници
-
Седум лица загинаа, а 24 се повредени при експлозија во фабрика во Индија
-
Спасовски: Доверената организација на Самитот на ОБСЕ претставува признание за нас
-
Движење Беса: ОБСЕ да се заинтересира како е можно лобито на ДУИ да го добие тендерот за Министерскиот состанок
-
Бербок: Не смее да се дозволи Русија да ја попречува работата на ОБСЕ