Нови автобуски постојки во општина Чешиново-Облешево
Согласно општинската програма за изградба и уредување на локалната и регионалната патна мрежа, општина Чешиново Облешево започна активности за поставување нови автобуски постојки.
- Со реконструкција на постоечките и поставување на комплетно нови втобуски постојки ќе бидат опфатени автобуските стојалишта од магистралниот пат Кочани-Штип, односно по делницата која ги опфаќа населените места Облешево, Чифлик, Чешиново, Кучичино и Уларци. Паралелно со ова работиме и на обележување на автобуските постојки во останатите населени места низ кои поминуваат регионалните патни правци во општината, истакна Костадин Личков, градоначалник на Чешиново Облешево.
Средствата за реализација на овој проект се обезбедени од Буџетот на Општина Чешиново-Облешево.
Ново на Сител
-
Два златни медали за македонската репрезентација во џуи џицу на „Словенија Опен“
-
Претрес во Тетово, одземени марихуана и дробилки со остатоци од марихуана
-
Атлетико Мадрид нов лидер во Шпанија
-
Прва АТП титула за Чехот Махач
-
Без струја утре делови од Кисела Вода и Чучер Сандево, без вода дел од улица „Јани Лукровски“
-
Возел со 1,35 промили алкохол во него и удрил во 25-годишна девојка
-
Макрон ги повика Трамп и Зеленски да покажат взаемно почитување
-
Прочка - празник за проштавање и очистување од гревовите