Нови археолошки ископувања на локалитетот Градиште во Крива Паланка
Локалната установа Градски музеј Крива Паланка ќе врши нови ископувања на археолошкиот локалитет Градиште кој се наоѓа во кривопаланечкото село Градец, на околу седум километри од градот во близина на испосницата на Св. Јоаким Осоговски.
При првите археолошки истражувања утрведено е дека локалитетот потекнува од раниот Византиски период во 4 и 5 век, се до доцниот Визнтиски и Отомански период 13-14 век, што е потврдено со артефакти пронајдени во самите истражувања. Има индиции и дека имало и бронзенодобски живот, што комплетно не е утврдено. Ова е прв локалитет кој го има отворено Градскиот Музеј Крива Паланка и комплетно го третира од 2013 година и врши самостојни истражувања.
Директор на Градскиот музеј Драган Величковски, изјави дека заедно со раководителот на истражувањата, археологот Цоне Крстевски и неговиот тим стручни лица од Крива Паланка и Скопје од 2013 година се вршат ископувања на Градиште.
- Се започна со откопувањето на североисточниот бедем, се евидентираше каков тип и габарит на локалитет е Гардиште, какви се димензите и слично, по што утврдивме дека габаритот е голем, ова е локалитет близу сакралнети објекти во селото и потребни се повеќегодишни истражувања и многу проекти со значителни финансиски срдства, дел од кои се одобрени, а чекаме само одобрение за истражувања, рече Величковски.
Станува збор за големо утврдување изградено во тој период за кое ќе треба да се спроведат повеќегодишни истражувања и многу проекти со значителни финансиски средства, дел од кои се обезбедени и се чека одобрение за отпочнување со истражувањата.
- Работевме во 2013 и 2014 година и отворивме уште сектори на локалитетот, но се уште го држиме тој североисточен дел, сме истражиле околу 10 отсто од целокупната површина. Во 2015 добивме средства од Министерството за култура кои не ги употребивме и префрлени се за оваа година, па со здружените средства од оваа година ќе направиме подолга кампања истражувања на двата бедеми, рече Величковски.
Останува ископувањата на терен етапно да се реализираат, по што ќе следува фаза на конзервација и туристичка промоција на локалитетот, бидејќи како што рече Величковски, археологијата не е ништо доколку луѓето не добијат можност и да ги видат сите тие вредности и културно-историски артефакти, во овој случај самата тврдина во Градиште.
Локалитетот се истражува со финансиска поддршка од Министерството за култура на Република Македонија, кое досега има одобрено вкупно 500.000 денари за оваа намена. Величковски нагласи дека во претстојниот период ќе направат напори да се изготват проекти со кои ќе се обезбедат дополнителни финансиски средства за оваа намена и од останати иституции од земјава и странство.
Ново на Сител
-
ЦУК: Поради магла шест скијачи се изгубиле на Попова Шапка, пронајдени од вработен на ски-лифт
-
Најниска температура од - 1 на Попова Шапка, Крушево и Лазарополе, најтопло во Гевгелија со 7 степени
-
Изгоре сопственикот на куќата во вчерашниот пожар во Велес
-
Приведен крадец во Скопје, следува соодветна пријава
-
„Новогодишна кошница“, најавени 900 производи со пониски цени, инспекторите на терен
-
Избодена девојка пред ресторан во Белград
-
Маж од БиХ скршил рампа на граничен премин со Хрватска, удрил во полициска блокада па загинал
-
Едно лице загина во пукање во американска воена база во Џорџија