Нови 43 ваучери за новороденчиња во Кисела Вода

Општина Кисела Вода денеска додели нови 43 ваучери за семејствата со новороденче од овој дел на градот. Од нив 24 беа за машки, а 19 за новородени женски дечиња.
Општина Кисела Вода информира дека бројот на доделени ваучери во вредност од 6000 денари, досега изнесува 1832. Проектот, посочуваат во соопштението, е дел од програмата од социјална сфера на Општината, донесен по предлог на градоначалникот, а едногласно поддржан од Советот на општината.
- Има за цел да им помогне на новите родители за првите потреби кои доаѓаат заедно со новороденчето. Истиот ги опфаќа семејствата каде двата родитела се со живеалиште на територија на општина Кисела Вода, или едниот, во случај на самохран родител, стои во соопштението.
Заедно со барањето родителите треба да достават на увид важечки лични карти или други исправи за лична идентификација, извод од матична книга на родените за новороденчето, како и фотокопија од трансакциска сметка. Рокот за поднесување на барањата е 90 дена, од моментот на раѓање на детето.
Ново на Сител
-

Состанок на раководството на БЕСА
-

Тема на денот со Димитар Богоески, директор на Државниот Архив
-

Стабилизација и годишна инфлација под 3% очекува премиерот
-

Бислимоски поднесе оставка
-

По најавите на Касами за смена на министри, Мицкоски му врати дека тој одучува кој ќе остане во Владата
-

Во Белград приведен Саитов, кој во Капиштец прегази жена и избега од државата
-

Мицкоски: Останаа уште неколку битанги кои ќе се најдат зад решетки
-

Одбраната на Васев го негира вештачењето на словенечкиот онколог
