Нови 28 заболени и тројца излекувани од Ковид-19 во Косово, вкупно 731 заразен
Институтот за јавно здравство на Косово (ИШПК) објави дека во текот на вчерашниот ден во земјата се потврдени нови 28 случаи, кои од извршените испитувања резултираа позитивни на Ковид-19, со што официјалната бројка на носители на новиот вирус во Косово се искачи на 731.
Вчера во Косово се евидентирани и три случаи на лица кои, согласно методите пропишани од Светската здравствена организација, по тестирањата два дена едноподруго резултираа излекувани од заразната болест, со што бројката на лица кои ја пребродиле болеста се зголеми на 165.
Најголемиот број новозаразени, вкупно 14, се од општина Ораховац, четворица од Гњилане, по двајца од Пеќ, Качаник, Малишево и Призрен, и по еден од Приштина и Исток.
Според синоќешното соопштение на ИШПК, вчера во неговата Лабораторија за молекуларна микробилогија се тестирани примероците на 292 лица за кои постоело сомневање дека се можни носители на новиот коронавирус. Вкупната бројка на тестирани од појавата на епидемијата, заклучно со вчерашниот ден, изнесува 6.182.
Во саботата е забележана една нова жртва на Ковид-19, 73-годишна жена од Штимле, која страдала и од други болести. Вкупната бројка на починати од заразата во Косово сега изнесува 20.
Ново на Сител
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ
-
Завршен митинг на Влен
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена