Нови 218 смртни случаи во Франција од Ковид-19
Во Франција вкупниот број на починати досега од коронавирусот е 24.594 лица, а во последните 24 часа се потврдени нови 218 смртни случаи.
Во земјата се заразени вкупно 167.178 луѓе. На болничко лекување се наоѓаат 25.887 лица заразени од Ковид-19, од кои на интензивна нега се 3.878 пациенти. Бројот на пациентите на болничко лекување и интензивна нега продолжува да се намалува.
Притоа француското Министерство за здравство ја претстави најновата карта на Франција за ситуацијата со епидемијата.
Критериумите за проценка се засноваат на три столба: стапката на зараза кај населението, бројот на места што се достапни во болниците и можноста за брзо тестирање на населението.
Департманите во зелена боја се подготвени за постепено подигање на мерките на ограничување од 11 мај, тие што се со црвена боја не ги исполнуваат условите и ќе останат со истите мерки на ограничување, а тие кои се обоени во портокалова боја можат да преминат според податоците во едната или другата фаза.
Ново на Сител
-
Одлука за испраќање припадници на АРМ на вежби во Бугарија и Германија и во операција на НАТО во Косово
-
МВР: Лични документи може да се подигнат и утре
-
Кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување
-
Истрага за недозволено држење оружје
-
Обид за кражба во простории на Општина Чаир каде се чувал изборен материјал
-
ДИК: Двојните избори утре ќе ги следат 1303 домашни и 860 странски набљудувачи, како и 83 странски новинари
-
Во општина Маврово-Ростуше гласаат 68 болни и изнемоштени лица
-
Малолетник прегазен во Велес, пренесен во скопските Клиники