Нови 2.100 барања за легализација во Дебар, Центар Жупа и Маврово Ростуше
Во општините Дебар, Центар Жупа и Маврово Ростуше доставени се дополнителни над 2.100 барања за легализација на диво изградени функционални објекти, од кои околу илјада се во општина Дебар.
- Барањата се главно на наши печалбари кои живеат и работат во некоја западно европска земја како и САД. Во првиот рок доставени беа 2.086 барања.Од нив досега решени се околу 50 проценти, со што нашата општина се вбројува меѓу најуспешните, вели Петрит Пачуку, раководител на секторот за урбанизам во општина Дебар.
Во помалата, рурална оштина Центар Жупа, доставени се над 300 нови барања. Според Шахин Шаќир од секторот за урбанизам во првиот рок биле доставени 1.576 при што за околу 30 проценти веќе се издадени решенија.
- Во општина Маврово Ростуше во првиот рок имаме примено 3.775 барања од кои 1.200 веќе се решени. Од 22 декември 2015 година,кога со измените и дополнувањата на Законот за легализација се даде нова можност имаме примено дополнителни над 800 барања, вели Харис Ибраими од секторот за урбанизам во општината.
Во сите три општини поголемиот процент од нерешените барања се поради нивната некомплетираност, главно недоставен елаборат, додека мал процент е поради нерешени имотно-правни односи.
Законскиот рок за комплетирање на доставените барња во првиот рок е 31 декември годинава додека за дополнителните барања декември 2017 година.
Ново на Сител
-
„Тајмс оф Израел“: Нетанјаху побарал од Трамп да не ги укинува санкциите за Сирија
-
Собранието го донесе Законот за енергетика, за Божиновска тоа е еден од најважните
-
Зеленски: Не сум разговарал со Венс од кавгата во Белата куќа
-
Холандија и Данска се најдобри земји за деца
-
Приведен 61-годишник, при претрес на неговиот дом најдени се пушки, пиштол и куршуми различен калибар
-
Филков: СДСМ е последна партија што има право да зборува за реформи во правосудството
-
Кремљ со реакција на изјавата на Макрон: Нуклеарното ширење не е решение за Европа
-
Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта утре во Скопје