Нови 118 случаи на грип во државава

Од 9 до 15 декември во државава се пријавени 118 случаи на групни пријави за заболени од грип - заболувања слични на грип - 34,1 отсто повеќе во споредба со претходната недела, се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје, објавен попладнево.
Седумдесет и четири лица се на возраст од 15 до 64 години. Дваесет се над 65 години, 14 деца на возраст од пет до 14 години и 10 на возраст до четири години. Највисока инциденца се регистрира кај децата на возраст до четири години.
- Заболените се пријавени од 13 ЦЈЗ/ПЕ, Гостивар - 27, Дебар - 24, Куманово - 20, Скопје - 11, Кавадарци - 8, Тетово - 7, а во Неготино, Струмица, Охрид, Кратово, Прилеп, Кичево и Радовиш бројот на заболени е помал или еднаков на пет. Во 10 извештајни единици кои пријавија случаи во текот на оваа недела се регистрира многу ниска, во две - Кратово, Гостивар - сезонска, а во една - Дебар - средна активност на вирусот на грип, пишува во извештајот.
Во сезоната 2024/2025 вкупниот број на случаи на грип - заболувања слични на грип изнесува 660, покажуваат податоците на Институтот.
Заклучно со 50. недела во Република Северна Македонија, вакцинирани се вкупно 72.099 лица со бесплатна или комерцијална вакцина.
Ново на Сител
-

Храната во светот поевтинува, кај нас - можно поскапување
-

АРМ: Шугата во велешката касарна доаѓа однадвор
-

Државните вили по 30 години добиваат имотен лист - СОЗР делумно се согласува во извештајот на Ревизија
-

Дали Охрид ќе остане на листата светско наследство на УНЕСКО - владина делегација на средби во Париз
-

Преглед на вестите од светот
-

Со „Безбеден град“ ќе се намалат прекршоците
-

209 милиони денари за изградба на дом за стари лица во Кочани
-

Преглед на вестите од светот
