Новата преодна Влада на Австрија положи заклетва
Новата преодна австриска Влада, предводена од канцеларката Бригите Бирлајн, денеска положи заклетва и ќе биде на должност до после предвремените избори кои треба да се одржат во септември.
Бирлајн со изборот на членовите на Владата изненади многумина, пред се со поставување на Волфганг Пешорн на местото министер за внатрешни работи, кој е познат по тоа што учествуваше во истрагата за случајот „Хипо Банка“, како и набавката на Еурофајтери.
Поголемиот дел од Владата, како што најави Бирлајн, го сочинуваат лица кои веќе се наоѓале на највисоки функции во министерствата што ги преземаат, а по првпат половина од Владата се жени, со што Кабинетот на Бирлајн не е само најмал, туку и „најженствен“ во повоената историја на Австрија.
Нов министер за финансии е Едуард Милер, кој ќе ги преземе и агендите за јавна управа и спорт.
Министер за правда и вицеканцелар е Клеменс Јаблонер, кој, пред пензија, бил и претседател на Управниот суд.
Министерството за надворешни работи ќе го води Александер Шаленберг, а генерал мајор Томас Старлингер го презема Министерството за одбрана.
Нова министерка за земјоделство е Марија Патек, која од август минатата година е шефица на Секцијата Шумарство и одржливост, а претходно го водеше секторот за водостопанство.
Министерството за економија ќе го води Елизабет Удолф-Штробел, а нова министерка за образование е Ирис Раускала.
Министерството за сообраќај и инфраструктура го презема Андреас Рајнхард, а Министерството за здравство и за социјални прашања Бригите Царфл.
Министерка без ресор, задолжена за жени, е Инес Штилинг, која беше шефица на секцијата за прашања поврзани со жените и рамноправност во канцеларијата на австриската Влада.
Ново на Сител
-
Македонските кикбоксери се враќаат со 5 европски злата, 2 сребра и 10 бронзи
-
Наполи нема победа четири натпревари по ред, Интер нов лидер во Серија А
-
Доминација на Норвешка на машкиот биатлон на последниот ден од СП
-
Фридрих Мерц триумфира на германските избори, подготвен за формирање влада
-
„Да се обединиме за победа“ – масовен протест за Украина во Париз
-
АфД по историскиот резултат: Подготвени сме да коалицираме за формирање влада
-
Излезни анкети: Конзервативците победници на германските избори – Мерц на пат да стане канцелар
-
Вонреден инспекциски надзор на реонот Смилковско Езеро и во Општина Сарај