-->
-->
Новата портпаролката на руското Министерството за внатрешни работи, вистинска секс - бомба!
-->
Министерството за внатрешни работи во Русија за портпарол ја назначи Ирина Волк (38), која има за задача да ја врати вербата на граѓаните во полицијата.
Преубавата потполковничка, со презиме Волк веќе стана многу популарна во својата земја, и се заканува на славата на Марија Захарова, нејзина колешка од Министерството за внатрешни работи.
Угледот на руската полиција е доста изопачен, а владата на Русија во Ирина гледа шанса за промена на негативната атмосфера.
Според акнкетите кои ги спровел рускиот центар за истражување на јавно мислење скоро половина од испитаниците немаат верба во полицијата.
На вака негативен став најмногу влијание имаат злочините во руските затвори. Во 2012 година е откриено дека затвореник бил брутално силуван и убиен во затвор во Казан, а голем број на луѓе излегоа во јавноста обвинувајќи на психичко и физичко злоставување од страна на полицијата. Министерството од тогаш потполно го промени својот имиџ, прес-службите станаа далеку подостапни, отворени се профили на социјалните мрежи на кои е промовирана новата чиста и убава "слика" на руското Министерство за внатрешни работи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
,,Библиотека на тркала'' во Струмица - полесно до книга
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за европски прашања
-
Има ли начин да се подобрат односите Скопје-Софија?
-
Коридорот 8 од железничката пруга продолжува со градба, брзата пруга за Солун е приоритет
-
Ќе има ли реално поевтинување на основните производи со ограничените маржи?
-
Стружани бараат затворање на казината
-
ВМРО-ДПМНЕ: Николовски трошел во ресторани а земјоделците чекале субвенции