Новата австриска Влада ќе има 13 министри и два државни секретари
Новата австриска Влада, што ќе ја предводи Себастијан Курц како канцелар, ќе има 16 членови, покрај канцеларот, уште 13 министри и двајца дражавни секретари.
Народната партија на Австрија (ОВП) ќе има седум министри, а Слободарската партија (ФПО) шест.
Во новата австриска Влада, ОВП ќе биде застапена со Курц како канцелар на земјата, министер за финансии ќе биде Хиртвиг Легер, министер за економија Маргарет Шрамбек, за образование Хајнс Фасман, за жени и семејство ќе биде Џулијан Богнер-Штраус, министерка за земјоделство и екологија ќе биде Елизабет Кестингер, министер за ЕУ, медиуми, уметност и култура ќе биде Гернот Блимел, а државен секретар во Министерството за внатрешни работи ќе биде Каролин Едштадлер.
Од ФПО заменик секретар и министер за државна управа и спорт ќе биде Хајнс-Кристијан Штрахе, за внатрешни работи Херберт Кикл, за одбрана Марио Кунасек, инфраструктура и сообраќај Норберт Хофер, за социјални прашања и здравство Беата Хартингер, надворешни работи Карин Кнајсел, а државен секретар и министет за финансии ќе биде Хуберт Фухс.
Новата Влада ќе биде поголема за еден член во однос на претходната
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка