-->
-->
Новата амбасадорка на САД Кејт Брнс пристигна во Скопје
-->
Новоименуваната амбасадорка на САД во земјава Кејт Брнс, денеска пристигна во земјава и го имаше нејзиниот прв работен ден во канцеларијата, објави американската Амбасада на официјалниот фејсбук профил.
– Амбасадорката Брнс оваа недела ќе му ги претстави своите препораки на претседателот Пендаровски, стои во објавата.
Брнз на нејзиниот прв ден во канцеларијата пристигнала со нејзиниот сопруг Лари Скот Гејџ, пензиониран полковник на Воената морнарица на САД.
Амбасадорката Брнс е дипломат од кариера. Таа на позицијава доаѓа од Атина каде од септември 2017 до мај 2019 година беше заменик шеф на мисијата на САД во Грција. Претходно беше постојан претставник на мисијата на САД во ОБСЕ во Виена
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Рубио: Притисокот на САД врз сојузниците во НАТО да вложуваат повеќе во одбраната не е непријателска работа
-

Трамп: Секој што го користи терминот вештачка интелигенција е „непријател“
-

Алармантни бројки од Онкологија: Лани откриени 1.000 нови случаи на рак на дојка, 7.000 заболени се на активен третман
-

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европска интеграција, Коридорот 8 овозможува тој принцип да се оствари
-

Жена нападната и расечена со остар предмет од партнерот во Скопје
-

Кривична за угостител од Дебар, послужил алкохол на малолетник кој подоцна физички нападнал свој врсник
-

Повторно искршено детско игралиште во Кисела Вода: „Неколку пати се поправаше, сè е за ништо“
-

Кај 43-годишник од скопско пронајдени пушка, пиштол, муниција и шприцови со масло од канабис

