Новата АИИБ стартува со 57 земји–членки и 100 милијарди долари почетен капитал
Новоооснованата Азиска Банка за инвестиции во инфраструктурата (АИИБ), која се формираше на иницијатива на Кина, годинава ќе стартува со работа, со основен капитал од 100 милијарди долари.
Спогодбата да бидат кооснивачи лани ја потпишаа 56 држави, а денеска тоа го направи и Филипините, што предивика прилично големо изненадување во политичките кругови на Азија.
Филипините се многу близок сојузник на САД, кои, покрај Јапонија, сметаат дека новата АИИБ ќе биде непотребна и нелојална конкуренција на Светската и Азиската банка за развој.
Азиската банка за инвестиции во инфраструктурата, најмногу ќе инвестира во Источна и Југоисточна Азија, и до 2025 година предвидено е да се изградат нови патишта, железнички пруги, аеродроми и пристаништа, а инвестициите ќе бидат над 3.500 милијарди долари. Најмногу средства за инфраструктурен развој ќе се вложуваат во државите од АСЕАН и во Индија.
Оснивачи на АИИБ се и Велика Британија, Франција, Италија и Германија. Од поголемите потенцијални инвеститори во инфраструктурата се исклучија САД и Јапонија, а се чека и потписот на Јужна Кореја.
Кина, со оснивачки влог од 47 милијарди долари, нагласува дека одлуките на АИИБ ќе бидат мотивирани од економски, а не од политички интереси.
Ново на Сител
-
Трипуновски: Кога ќе одберете домашен производ, вие инвестирате во иднината на нашите села
-
Афазија е нарушување на комуникацијата по мозочен удар - Во земјата има околу 10 000 лица со оваа состојба
-
Шведска поддршка за блатото
-
Се реконструира музејот на вода
-
ВМРО-ДПМНЕ утврди кандидати за градоначалници за претстојните локални избори
-
Тема на денот со Моника Зајкова, претседателка на ЛДП
-
34 лица обвинети за пожарот во кочанската дискотека
-
СДСМ ја поздравува проширената истрага но смета дека е задоцнета