Свет
10. April 2018 - 13:16

Новартис ја купува американската компанија Авексис за 8,7 милијарди долари

 Швајцарскиот фармацевтски гигант Новартис соопшти дека за 8,7 милијарди долари ќе ја купи американската компанија Авексис,  со цел да стане лидер во лекување на невродегенеративни болести, неизлечиви болести на нервниот систем.

Двете компании соопштија дека нивните управни одбори едногласно го потврдиле договорот, а износот ќе биде платен во готовина и со краткорочни заеми.

Новартис ќе плати 218 долари по акција, а трансакцијата треба да биде завршена до средината на 2018 година.

Генетската терапија на Авексис ја третира спиналната мускулна атрофија (СMA), тип 1, ретка болест која Новартис ја смета како водечка генетска причина за смрт на мали деца.