-->
-->
Нова турнирска победа за Ѓорческа
-->

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа заедно со Галина Воскобоева од Казахстан триумфираа на фјучрсот во Валенсија што се играше за награден фонд од 25.000 долари. Ова за Ѓорческа е седма турнирска победа на фјучрс турнирите во 2016 година.
Комбинацијата Ѓорческа-Воскобоева на убедлив начин го заврши учеството на турнирот откако двата сета против Алисија Хереро Линана од Шпанија и Ксенија Шарифова од Русија ги добија со 6:0 и финалето го завршија без загубен гем, а турнирот без загубен сет. Мечот траеше 45 минути, а скорот во освоени поени беше 48:28.
За победата Ѓорческа ќе освои 60 поени, додека во сингл конкуренција турнирот го заврши во 2.коло и ќе освои шест поени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Што значи стратешкиот договор меѓу Македонија и Хрватска
-

Тема на денот со Васко Наумовски, амбасадор и екс вицепремиер
-

Преглед на вестите од светот
-

Македонија и Хрватска станаа стратешки партнери
-

Пленковиќ и Мицкоски за евроинтеграциите
-

Собранието даде зелено светло за новиот заем од 260 милиони евра
-

Бензините од полноќ поскапуваат за половина денар, дизелот по иста цена
-

Нови напади САД - Иран среде преговори
