Бизнис
12. August 2015 - 16:35

Нова странска инвестиција ќе отвори 90 работни места за врвни софтверџии

Ирската Баракуда во лов на најдобрите македонски програмери. Софтерската компанија која прави софтвер за глобалниот финансиски пазар отвара центар за истражување и развој во Скопје со 90 вработувања во почетната фаза.

Тука ќе креира платформи за тргување на валути, акции како и за трговија на стоковите берзи.

Компанијата е оснивана во Даблин, а работи и во Лондон. По Македонија, планира да се шири и на Далечниот Исток. Оснивачите велат дека откако биле запознаени со условите одлуката за инвестирање во земјава била донесена лесно, со оглед на добрата деловна клима и талентираниот кадар.

Вицепремиерот Пешевски посочи дека развојниот и истражувачки центар е нов вид на инвестиција во Македонија, со која компанијата токму од овде ќе го шири бизнисот со нови производи.

Баракуда веќе го отпочнала процесот на регурутирање и очекува да стартува со работа за еден месец.