Македонија
6. September 2024 - 16:31

Нова серија обвинувања помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ – имаат ли некаков ефект?

СДСМ од денеска ќе ги открива бизнис шемите на најблиското семејство на Мицкоски во земјава и во Бугарија. Опозицијата тврди дека баџанакот на премиерот и неговиот прв братучед пред повеќе од 6 години основале фирми во Петрич, па прашуваат дали тие се главни финансиери на ВМРО-ДПМНЕ.

Во Петрич, Бугарија, на улица Антон Попов брј 57 е регистрирана фирмата ДАНО ТРАНС ЕООД, на баџанакот на Мицкоски - Јорданчо Јанев, од Струмица. Јанев кој важи за еден од најблиските соработници на Мицкоски, меѓу другото и фамилијарно поврзан, вртел пари преку оваа фирма. До 3 милиони бугарски лева биле свртени од оваа фирма во Бугарија, во 2018 година односно околу 1,5 милиони евра. Одиме понатаму. Во бизнисот не е само баџанакот на Мицкоски. На оваа иста адреса, на улица Антон Попов брј 57 во Петрич Бугарија, има уште една фирма, Инфинити транспорт група. Раководител и сопственик е Дончо Карастоев, прв братучед на баџанакот на Мицкоски. Го прашуваме денеска Христијан Мицкоски. Има ли фирми со исти или слични имиња и во Македонија?, вели Богданка Кузеска од СДСМ

Владејачката партија која изминатите денови објавуваше детали за трошењата на екс министерката Бисера Костадиновска Стојчевска, но и бизнис поврзаноста помеѓу Филипче и Заев, денеска тврди дека заеднички фирми имаат и нивните браќа кои минатата година изградиле соларна електрана

Во 2023 година, Вице Заев и Никола Филипче формираат заедничка фирма под името „Фос имерас“, што преведено од грчки јазик значи „дневна светлина“. Сопственици на „Фос имерас“ се две компании. „Тотал инженеринг“ од Струмица во сопственост на Вице Заев и „Плус нетворк“ од Скопје чиј сопственик е Никола Филипче. Фос имерас на Заеви и Филипче гради 1.5 мегавати соларна централа на атрактивна локација од 23 000м2, на само петстотини метри воздушна линија од границата со Грција. Централата е изградена во најкус можен рок, а сите фази од пренамена на земјиште до одобрение за градба се направени во време кога Зоран Заев и Венко Филипче се власт во Македонија, вели Марија Митева

Обвинувања без конкретни докази доставени до истражните органи се само гол ПР смета комуникологот Бојан Кордалов. На долг рок ваквата реторика нема никаов ефект.

И двете партии сепак најавуваат дека следните денови ќе продолжат со објавување на нови информации.