Македонија
30. March 2017 - 11:07

Нова прогноза на УХМР, еве какво време не очекува деновиве

Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло со мала локална облачност и со умерен до засилен северен ветер. Кон крајот на денот ќе има зголемување на облачноста, особено на југоистокот од земјава, каде преку ноќта е можна изолирана појава на краткотраен дожд.

Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 24 степени.

Метеоролошки параметри за Скопје: Температура до 22 °C, притисок  984 hPa, релативна влажност 25 %, и средна брзина на ветер 8 m/s.

Утре во поголем дел од земјава ќе преовладува стабилно време, а во крајниот југоисточен дел ќе има зголемена облачност и услови за локален дожд. 

И во наредните денови не се очекува значителна промена на времето, ќе биде претежно стабилно, но локално, особено во вторник и в среда, ќе има зголемување на облачноста и појава на краткотраен дожд.