Нова поетска книга на Ивица Челиковиќ

„Во друга светлина“ е насловена најновата поетска книга на Ивица Челиковиќ, која деновиве ја објави Агенцијата за иселеништво на Република Македонија.
- Книгата содржи четириесетина песни, поделени во шест циклуси. Една од основните идеи кои Челиковиќ ги бара и следи во своите поетски книги ја наоѓа својата смисла со навраќање кон неколку централни прашања: може ли да се сочува и како се наоѓа идентитетот во незапирливата бескрајна временска рамка, во вечното преобразување кое е само еден миг во сеопфатното опстојување? Во исто време не постои некаков дефинитивен и општоприфатлив одговор на прашањето: каде одам јас со сопствениот недовршен идентитет − прашање проткаено низ еден поетски свет кој е конвулзивен, исполнет со сомнеж, болка и немир, соопшти издавачот на книгата.
„Во друга светлина“ е седма поетска книга од овој автор кој живее и работи во Гетеборг, Шведска. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1990 година. Од 2003 година е член на Сојузот на шведските писатели.
Челиковиќ (Скопје (1962) завршил студии по новинарство во родниот град. Студирал и на Институтот за медиуми и масовни комуникации во Гетеборг.
Автор е на стихозбирките: „Школки во рацете“ (1990), „Долги граници со небото“ (1992), „Метаморфози на патот“ (2002), „Возови во пајакова мрежа“ (2006), „Праг и огледало“ (2008), „Во ѕидот знак“ (2010), „Сенки на северот“ (поетски избор, 2013) и „Во друга светлина“(2015).
Негови стихови се преведувани на неколку јазици, а во август 2014 година од печат излезе неговиот поетски избор „Сенки на северот“ во превод на шведски јазик.
Автор е на романите „Зад источната линија“ (2004) и „Седмиот ден“ (2014).
Добитник е на повеќе награди и признанија, меѓу кои „Млада Струга“, „Златно перо“, „Иселеничка грамота“ и „Стојан Христов“.
Преведува шведска и норвешка литература на македонски јазик. Превел триесетина дела од познати шведски писатели, меѓу кои од Аугуст Стриндберг, Селма Лагерлеф, Хари Мартинсон, Торгни Линдгрен, Гунар Екелоф, Биргита Тротциг, Артур Лундквист, Астрид Линдгрен, Ласе Содерберг, Катарина Фростенсон и Микаел Ниеми.
Преведува и македонската литература на шведски. Составувач е на антологијата „Македонска поезија“ што во негов превод на шведски е објавена во 2005 година.
Ново на Сител
-

Краделе мебел, бела техника и радијатори кај браната Конско - приведени две лица
-

Зеленски повторно бара членство во НАТО, според него тоа е гаранција за безбедност
-

Уапсен возачот кој возеше во спротивен правец на „Партизанска“ | ВИДЕО
-

Ѓорѓиевски: Уреден просторот кај жичарницата на Водно, обновени клупите и летниковците | ФОТО
-

Приведени девет возачи, петмина управувале возило без положен возачки испит
-

Безживотно тело на 38-годишен маж со прострелна рана пронајдено кај Смилковци
-

Мицкоски: Даваме сè од себе да реализираме проект повеќе и да создадеме подобри услови за живот на граѓаните
-

Франција стравува од ескалација на протестите, 70.000 полицајци и жандарми распоредени на улиците
