-->
-->
Нова пешачко-рекреативна патека во општина Илинден
-->
Општина Илинден почна со градежните активности за реализација на проектот „Изградба на пешачко-рекреативна патека Марино-Кадино“ во должина од 1.500 метри.
Како што информираат од општината, покрај пешачка патека, ќе се изгради и велостипедска патека, патека за ролерки и скејтборди, ќе се постават реквизити за спортување и рекреација, урбана опрема и ќе се изврши уредување на зелени површини во должина на патеката.
Инвестиција за овој проект што се реализира преку Програмата за рурален развој на Владата на Република Македонија, изнесува 14.5 милиони денари.
Новата пешачко-рекреативна патека, ќе ги поврзе населените места Илинден, Марино и Кадино кои вкупно бројат повеќе од 10.000 жители. =
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведен криумчар на мигранти, пронајдени 3 лица
-
52-годишна кавадарчанка пронајдена почината со повреди на телото
-
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време
-
МВР со детали за верижната сообраќајка на Скопска обиколница
-
Спасени три питбули и дорбеман користени за борби на кучиња во Врапчиште
-
Во Словенија утре Ден на жалост поради загинувањето на тројцата рудари
-
Магла во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и Струмица
-
Слоновите во САД не се луѓе, пресуди највисокиот суд во Колорадо