Нова одмазда на Русите: Во еден напад на руските авиони ликвидирани се 34 џихадисти

Руското воено воздухопловство овој месец ги интензивираше нападите на позициите на Исламската држава во Сирија.
Како што соопшти портпаролот на руското Министерство за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков, во сириската провинција Деир Ез Зор, авијацијата на руските воздушно-вселенски сили уништила нов команден центар на терористичката организација Исламска држава.
„Потврдена е ликвидација на 34 милитанти, уништени се пет џипови на кои што беа инсталирани тешки митралези, а уништени се и две возила со муниција“, изјави Конашенков.
Неодамна, руското воено воздухопловство ликвидираше над 300 припадници на Исламската држава, а деновиве две руски подморници лансираа крстосувачки ракети од типот „Калибар“ и исто така уништија командни центри и складишта со муниција на Исламската држава на истокот на Сирија.
Конашенков нагласи дека нападите на позициите на Исламската држава се во рамките на поддршката која што руските сили ѝ ја даваат на сириската армија која што моментално се бори против џихадистите на Исламската држава во близина на градот Деир Ез Зор на истокот од Сирија.
Ново на Сител
-

Миланов: Останува во сила забраната за користење на водата од гостиварскиот водовод
-

Засилени безбедносни мерки и посебен режим на сообраќај во Охрид по повод посетата на индиската претседателка
-

Маж со нож повредил двајца туристи пред влезот на Акропол во Атина
-

Меси им кажал на соиграчите дека финалето на СП 2026 е неговиот последен натпревар за Аргентина
-

Силно невреме го погоди Стар Дојран, десетици дрвја на повеќе локации оштетија настрешници, возила, покрив
-

Индиската претседателка Друпади Мурму во официјална посета на Македонија
-

Обвинителство: Водата во Гостивар е многу загадена и не може да се употребува за ниту една намена, отворена истрага против три лица
-

САД воведуваат нови 50-процентни царини за дел од канадските производи, ескалира трговскиот спор со Канада
