Македонија
20. October 2016 - 12:56

Нова наредба од Судот и признание дека Катица Јанева вчера ја утнала работата

Утринава од Судот е издадена нова наредба до „Ериксон телекомуникации“ да овозможат пристап до нивната опрема и да ги обезбедат податоците кои ги бара СЈО.

Со ова практично и судијата што ја издаде вчерашната наредба и Катица Јанева јавно признаваат дека само правеле политички театар непознавајќи ја фактичката состојба, без воопшто да се подготват за предметот.

Неофицијално, дознаваме дека утринава од страна на „Ериксон Скопје“ било одговорено дека нивните локални инженери немаат капацитет да одговорат на барањето и дека е пожелно да се почека експерт од Шведска, кој би можел да им излезе во пресрет без да направи штета на целиот систем.