Нова меѓупартиска средба во Пржино
Претставници на четирите партии потписнички на Договорот од Пржино денеска повторно се состанаа во резиденцијата на ЕУ во Скопје. Теми на меѓупартиските разговори во оваа фаза се прочистувањето на Избирачкиот список, реформата во медиумите и формирање на преодна влада пред изборите.
Во разговори учествуваат Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ, Радмила Шекеринска од СДСМ, Артан Груби од ДУИ и Имер Алиу од ДПА, како и амбасадорите на ЕУ и на САД, Аиво Орав и Џес Бејли.
Амбасадорот Бејли по вчерашната средба во резиденцијата на ЕУ во Пржино изјави дека е завршена добра работа, но оти се уште не е постигнат договор. Рече дека е оптимист и оти разговорите продолжуваат денеска.
- Имавме конструктивна средба. Завршена е добра работа, но не е постигнат договор. Продолжуваме со работа. Не сум разочаран. Кога се преговара и разговара понекогаш е потребно повеќе време. Оптимист сум, изјави Бејли.
Ново на Сител
-
Собранието ја отфрли интерпелацијата за Изет Меџити
-
Град Скопје најавува кривична пријава за Курто Дудуш поради дива депонија
-
На ГП "Ќафасан" албанската полиција спречи шверц на лекови
-
Помина интерпелацијата за Даути во Собранието
-
Над девет милиони шверцувани цигари откриени на атинското пристаниште Пиреас
-
Безживотно женско тело извадено од водите на Вардар
-
Захарова: Зеленски се покажа како крволочно чудовиште
-
Кремљ: Путин е подготвен за разговори со Трамп