Бизнис
7. October 2015 - 12:23

Нова Марлборо понуда произведена во Македонија

Компанијата формирана како стратешко партнерство меѓу Philip Morris International и Тутунски Комбинат Прилеп продолжува да носи новости на македонскиот тутунски пазар.

Неколку месеци по успешното поставување на новите машини во Тутунски Комбинат Прилеп (ТКП), заедничката компанија Филип Морис ТКП започна со производствона една од најновите понуди на светски познатиот бренд Марлборо во Македонија. MarlboroFlavorPlus е уникатна и иновативна понуда, како во поглед на производот така и во дизајнот на пакувањето, што е произведена во Македонија во постојните капацитети на ТКП кои беа дополнително зајакнати и модернизирани со поддршка на стратешкиот партнер, Philip Morris International.

 Во текот на изминатата година, партнерите започнаа со соработка, модернизација и размена на најдобри практики, со цел да обезбедат одржлив комерцијален успех.

-Конечно започнавме со производство на Marlboro Flavor Plus во Македонија. Ова е една од најиновативните понуди од нашиот премиум бренд. Долгоочекуваното производство на Марлборо во Македонија ги покажува нашата верба во партнерството и дека тоа се движи во правилна насока. Истовремено, ја претставуваме на пазарот нашата прва понуда на тенки цигари: FineTouch XL, кои се увезени од една од врвните светски фабрики на PhilipMorrisInternational. Двете нови понуди се иновации во поглед на нивното уникатно пакување и карактеристики на производот. Со ова, ние им нудиме производи од светска класа на возрасните пушачи во Македонија”, изјави Генералниот менаџер на ПМТКП, ЕмреКозлу.

Според Генералниот менаџер на Тутунски Комбинат Прилеп, Александар Дерменџиев, производството и лансирањето на Marlboro Flavor Plusе многу важен чекор за фабриката во Прилеп, проследено со производството на уште еден интернационален бренд на PhilipMorrisInternational, BondStreet.

 -Модернизацијата на фабриката беше клучна за новите потфати. Значително го подобривме квалитетот и ефикасноста на производството. Оваа иницијатива е голем чекор за ТКП, но и голем чекор за Македонија”, додаде Дерменџиев.

MarlboroFlavorPlusе иновативен производ, кој содржи 3-зонски филтер со тутунски дел. Пакувањето на производот има подобрена заштита со неговиот патентиран систем за отворање и е меко на допир. Достапно е на пазарот по цена од 130 денари. Од друга страна пак, MarlboroFineTouch XL е првата тенка цигара понудена од Марлборо во Македонија, дизајнирана да има послаб мирис поради нејзиниот уникатен микс, а со цена во малопродажба од 90 денари.

За само една година постоење, заедничката компанија Филип Морис ТКП направи значителни чекори во менувањето на тутунската индустрија во Македонија. Производство на неколку интернационални брендови во Македонија, влезот на висококвалитетни светски брендови, како Честерфилд, реструктуирање на фабриката и модернизацијата со партнерот ТКП се само неколку од успесите кои вреди да се споменат од изминатиот период.