Македонија
5. February 2016 - 8:14

„Но­ва Ма­ке­до­ни­ја“ ќе ja додели наградата „Лич­ност на го­ди­на­та“

Дне­вниот вес­ник „Но­ва Ма­ке­до­ни­ја“ денеска ќе ја додели наградата „Лич­ност на го­ди­на­та“ за 2015 година. Лауреати се Ни­ко­ла Ма­џи­ров, Бла­гој На­цо­ски, Лен­че Здра­вкин, Гли­гор Цве­та­нов, Ду­ке Бо­ја­џи­ев, Кри­сти­јан Да­ни­лов­ски, Евге­ниј Поп Ацев и Ки­рил Ла­за­ров.

- Ка­ко прв дне­вен вес­ник, на­ед­но и врс­ник на др­жа­ва­та, „Но­ва Ма­ке­до­ни­ја“ чув­ству­ва по­себ­на об­вр­ска да ги вред­ну­ва оние што не­се­бич­но се жр­тву­ва­ат и се ан­га­жи­ра­ат за до­бро­со­стој­ба­та на сво­јот на­род и за сво­ја­та др­жа­ва, велат од „Нова Македонија“. 

Наградата се доделува од 2012-та, а ја до­би­ва­ат лич­но­сти што ја обе­ле­жа­ле го­ди­на­та во об­ла­ста на биз­ни­сот, кул­ту­ра­та, по­ли­ти­ка­та, умет­но­ста, на­у­ка­та, обра­зо­ва­ни­е­то, спор­тот, оп­штес­тве­ни­те и ху­ма­ни­тар­ни­те деј­но­сти.