Балкан
6. May 2018 - 20:25

Нова ликвидација во Белград, убиен маж кој е поврзан со убиството на Аркан - му пукале во глава и побегнале кон Земун, почина во болница

На аголот од улиците „Алексиначки рудари“ и булеварот „Никола Тесла“ близу до Првиот основен суд на Нов Белград, дошло до пукање при што, според неофицијалните информации застрелан е Г. Дармановиќ, на возраст од 50 години.

Во него напаѓачите испукале 4 куршуми, погоден е во главата, а починал неколку часа подоцна во Земунската болница.

Полицијата, според неофицијалните информации проверува дали денешната ликвидација на Г. Дармановиќ е поврзана со убиството на Милан Ѓуричиќ Мики.

Како што дознава неофицијално српски Курир, пукањето го пријавила жена од блиската зграда околу 12 часот, а наводно напаѓачот на жртвата и пукала во глава.

Очевидци слушнале неколку истрели и виделе двајца напаѓачи, од кои еден бил на скутер, а друг од заседа пукал во жртвата. Напаѓачите победнале во правец на Земун.

Медиумите јавија дека возачот на скутерот имал бела кацига, а напаѓачот по пукањето ставил бела капуљача на главата.

На увидот бил и началникот на белградската полиција.