Македонија
15. April 2019 - 16:21

Нова лидерска средба како можност за решение за СЈО

Преговорите на власта и опозицијата за законот за обвинителство веќе две недели се во ќор сокак. Двете најголеми партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ никако не можат да дојдат до решение за статусот, финансирањето и кадровскиот состав на Специјалнотот јавно обвинителство.

Викендов ВМРО ДПМНЕ испратија повторно материјали, но клучните разлики повторно остануваат. Материјалите не беа во согласност со европските препораки за отворање на преговорите. Разговорите ќе продолжат, коментираат од министерството за правда.

Извор од преговарачките тимови велат дека не е исклучено до крајот на неделава да има состанок помеѓу лидерот на СДСМ Зоран заев и министерката за правда Рената Дескоска од една страна и лидерот на  ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и авокатот Тони менкиноски од друга страна.

Засега и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ велат дека без квалитетен зкаон кој ќе гарантира независно јавно обвинителство и владеење на правото не може да се добие датум за преговори со Европската унија. Сепак, двете страни меѓусебно се обвинуваат дека токму спротивната страна го кочи неговото донесување.

Секако морам да напоменам дека имаме јасно определени критериуми, а тоа не смее никако да оди на штета на правната држава, туку напротив законот за јавното обвинителство треба да биде во функција на самата правна држава, за жал од она што можеме да го слушнеме од страна на преговарачките тимови е тоа дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека јасно и недвосмислено бара амнестија за сите криминалии на претходната власт, тоа ќе повторам како одговорна политичка партија, како одговорни политичари во Република Северна Македонија нема да го дозволиме.

Законот за Јавното обвинителство се смета како една од клучните пречки земјава да ги исполни условите на Брисел за добивање датум во јуни. Преговорите меѓу власта и опозицијата за неговиот конечен текст траат повеќе од еден месец. Законот треба да биде донесен со двотретинско мнозинство.