Нова лавина кај Бигорскиот манастир го блокира сообраќајот

Со новата лавината што утрово во шест часот повторно го блокира сообраќајот на патот Маврово - Дебар паднат е материјал од над три илјади кубни метри. Се работи интензивно и очекуваме да ослободиме барем една коловозна летна до попладне, велат од дебарската секција на Јавното претпријатие „Македонија пат“.
Според информациите на СВР Тетово, утрово околу шест часот, повторно дошло до срушување на лавина во близина на бензинската станица кај Бигорскиот манастир на стотина метри од местото каде синоќа паднаа околу илјада кубни метри нанос.
Локалните власти од трите општини Маврово и Ростуше, Дебар и Центар Жупа се во постојана коорднација и се прават напори да се обезбедат повеќе машини за расчистување.
По прекинот на сообраќајот во двете насоки на регионалниот пат кон Дебар, од вчера во прекин е и снабдувањето со електрична енергија на селата во мавровскиот и реканскиот регион. Првично, проблемот настанал поради дефект на 30 киловолтниот далековод. Тешко прооден е кружниот пат околу Мавровското езеро, каде неколку заглавени возила дополнително го попречуваат одвивањето на сообраќајот на овој патен правец.
Од синоќешната лавина со над илјада кубни метри снег, камен и дрвја, сообраќајот на патот Маврово-Дебар беше во прекин околу три часа. Во нејзиното расчистување први се вклучија монасите од Бигорската обител, по што секцијата на ЈП „Македонија пат“ интервенираше со два багера.
Ново на Сител
-

Над 60 дoмаќинства без покрив над глава по излевањето на Зајаска Река во Кичево
-

Доколку Радев стане премиер на Бугарија, се очекува уште позаострен дијалог со Македонија
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-

Кичево под вода
-

Партиски игри го кочат стартот на анкетната комисија
-

Касами, Меџити, Сали и Фетаи се поблиску до формирање на партија ВРЕДИ
-

СДСМ бара повлекување на законот, ВМРО-ДПМНЕ тврди се прават реформи за поправање на грешките од минатото
-

Камионџиите чекаат решение од ЕУ: Времената мерка може да го олесни престојот
