Нова кујна во градинката „Росица“ во Ѓорче Петров
Градоначалникот на општината Ѓорче Петров Сокол Митровски денеска во ЈОУДГ „Росица“ свечено ја пушти во употреба реновираната централна кујна во објектот „Калинка“ во населбата Хром.
Како што соопштуваат од општината, со реновирањето се задоволени сите HACCP стандарди кои обезбедуваат безбедност во исхраната.
- Во истиот објект е проширена салата и сменета дрвената столарија со нови ПВЦ врати, уредена е фасадата во препознатливиот стил на градинката „Росица“ нацртани се интересни мурали на надворешните ѕидови), во дворот се направени нови песочници (места за играње на децата во песок) и комплетно е преуредено и надоградено надворешното осветлување, се вели во соопштението.
За опремување на новата кујна, каде се подготвуваат 1.200 оброци дневно потрошени се над еден милион денари, колку што е инвестирано и во градежните работи.
Ново на Сител
-
Граѓански протест ,,Кој е следен‘‘ за смртта на Фросина Кулакова во Скопје
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски - Коалиција ,,Сите за правично судење"
-
Четиригодишно дете починало во Струшката болница
-
МВР спроведува акција за откривање печатница за фалсификување пари
-
Како возачот што ја прегази Фросина добил телефон во затворот
-
Детектор: Две третини граѓани не веруваат во фер судење во Македонија
-
АХВ уништи 110 килограми болничка храна
-
Власта и опозицијата со обвинувања - Кој е виновен за високите цени