Нова инвестиција во училиштето за ученици со оштетен вид „Димитар Влахов“
Во Државното училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ во општина Кисела Вода деновиве се заменети со нови сите врати и прозорци, обновени се фасадата, инсталациите и тоалетите на училиштето.
Заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски денеска го посети училиштето и изјави дека е особено задоволен кога им се помага и се инвестира за ученици со посебни образовни потреби. Ја поздрави иницијативноста на директорот и училишниот одбор во „Димитар Влахов“ за проектите што досега ги реализирале.
- Министерсвото заедно со училиштето инвестираше околу 2,5 милиони денари за потребите на ова државно училиште. Ние ќе продолжиме со капитални инвестиции за потребите на учениците со оштетен вид. Генерално граѓаните и учениците со оштетен вид и натаму ќе бидат во фокусот на Министерството за образование и наука. Ние ќе ја продолжиме интензивната комуникација и поддршка на здруженијата на слепи лица во Македонија и да ги поддржуваме нивните потреби за секојдневно да функционираат. Пред се, за учениците за полесно да ја совладуваат наставната програма, рече Ристовски.
Директорот на училиштето Горанчо Јакимов се заблагодари на МОН за оваа капитална инвестиција, напомнувајќи дека во изминатите години со поддршка на ова и на други министерства, значително се подобрени условите за настава како и квалитетот на самата настава.
- Во училиштето не се инвестираше со децении. Но оваа Влада во изминатите десет години има чувство кон оваа категорија ученици, кои од инвестициите добија услови онакви какви што им се потребни и какви што заслужуваат, рече Јакимов.
Во објектот настава следат 50-ина ученици - и во основното, и во средното училиште. Најголем дел се од Скопје, но има и ученици од околните градови (Куманово и Тетово) кои патуваат секој ден, како и ученици од други градови кои се сместени во ученичкиот дом.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Дарко Костадиновски, претседател на Уставен суд
-
Преглед на вестите од светот
-
Утре ќе биде познато колкумина ќе гони Обвинителството за пожарот во Кочани
-
Над 100 од повредените во Кочани ја контактирале Владата – доставиле предлози и барања за нивниот процес на опоравување
-
Нема да има средба Силјановска - Радев во Хаг, но дали претседателката ќе се сретне со бугарскиот премиер
-
Пропадна обидот за воведување една изборна единица
-
Јанев: Коруптивните дејствија во полицијата и институциите ќе се пријавуваат онлајн
-
Невладиниот сектор нотира: Пратениците носат закони по скратена постапка за да се задоволат апетитите на политичките гарнитури