Македонија
29. July 2015 - 16:19

Нова инвестиција и нови 300 работни места во Пробиштип

Нова инвестиција во Македонија. Кранфилд фоундри ќе гради најсовремена високо автоматизирана еколошка леарница во зоната во Пробиштип. Инвестицијата тежи 15 милиони евра и ќе обезбеди работа за 280 лица. Компанијата денеска го потпиша договорот со Владата. Изградбата на лаерницата за железо и алуминиум ќе значи преродба за регионот на Пробиштип каде стапката на невработеност во моентов е висока.

Инвеститорите најавуваат изгрдба на производствен погон и административна згрдата. Почетокот на производтсвто с енајавува за наредната година, а Македонија е избрана во конкуренција со неколку европски земји.

Ваквиот тип на леарници се основен услов за побрз развој на автомобилскиот сектор, а нејзината изградба нема да има никакво негативно влијание врз животната средина. Гаранција за ова е холандската компанија Гемко со која исто така денеска беше потпишан договор, а која заедно со макеоднска фирма ќе ја гради леарницата по сите еколошки стандарди. Гемко работи на вакви проекти во повеќе западно европски земји

Кранфилд Фаундри е семејна компанија основана од руски капитал која има долга традиција во металургискиот сектор во Русија.