-->
-->
Нова група борци на АНО и се предадоа на колумбиската армија
-->
Над 20 припадници на Армијата за национално ослободување се предале вчера на колумбиската армија. Тоа се толкува како знак дека втората по големина бунтовничка група во Колумбија губи сили во момент кога се подготвува да почне мировни преговори со владата.
АНО ќе почне мировни преговори со владата на претседателот Хуан Мануел Сантос на 27 октомври во обид да биде ставен крај на воениот конфликт што трае веќе 52 години.
За целата година дезертерите од АНО се 252, уапсените се 388, а 46 загинале во борби, соопштија колумбиските сили. Останати се околу 2.000 припадници на АНО кои продолжуваат со акции за киднапирање и уништување нафтени инсталации.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Повеќе договорени, а помалку извршени градежни работи во странство
-
Претседателката Сиљановска Давкова формираше Совет за млади
-
Две нови инвестиции до крајот на месецот и 500 нови работни места, најави Мицкоски
-
На италијанскиот бизнисмен Бечети исплатени 110 милиони евра, најголема отштета што Албанија платила досега
-
Полицијата расчисти два напада со нож во Скопје во кои беа повредени двајца малолетници
-
Намален откупот и продажбата на земјоделски производи
-
Нови израелски напади врз упоришта на Хезболах во предградија на Бејрут
-
Зеленски: Киев треба да стори сé што е можно да се стави крај на војната по дипломатски пат