-->
-->
Нова градинка во Кичево ќе почне со работа од септември
-->

Во септември во Кичево ќе биде пуштена во употреба градинка изградена со средства на Турската агенција за соработка и координација „ТИКА“.
Новата градинка е со капацитет за 120 деца до шестгодишна возраст. Целосно е опремена и наскоро треба само да се реши персоналното прашање и градинката да биде ставена во употреба. Карактеристично е што и оваа детска градинка ќе биде клон на најстарата детска градинка во Кичево „Олга Мицеска“ и сите три градинки во градот ќе функционираат со една управа.
- Отворањето на новата детска градинка во добар дел ќе го реши проблемот од недостаток на слободни места во постоечките градинки, а свое прво вработување ќе најдат и дел невработени лица, претежно од женскиот пол, вели Садик Ахмети, директор на градинката во Кичево.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Димитар Димески, историчар
-

Преглед на вестите од светот
-

Од историското наследство до денешните предизвици одбележан 23 Октомври
-

Доделена државната награда „23 Октомври“
-

Цените на енергенсите растат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања
-

Вакцинацијата со БСЖ за новороденчиња против туберкулоза ќе продолжи за 10-тина дена
-

До 2028 треба да се реконструира сала „Македонија“ во Прилеп, за Универзална сала ќе се прави елаборат за статиката
-

Од идеја до незавосност - Охрид го одбележува 23 Октомври
