Живот
29. December 2019 - 8:46

Нова година, стари митови, нови жртви

ПиАр Њузваер

Некои прогнози околу празниците, трагично но се многу предвидливи. На пример, постои поголема веројатност да загинат повеќе луѓе во сообраќајки поврзани со конзумирањето алкохол за време на празниците, отколку во кое било друго време од годината.

Статистиките покажуваат дека за време на Божик и на Нова година, постои изгледност два до три пати повеќе луѓе да загинат во сообраќајки поради конзумирање алокохол, отколку во споредба со други периоди во остатокот од годината. А во 40-те проценти од фаталните сообраќајни несреќи за време на овие празници, вклучуваат возачи кои се под дејство на алкохол, во споредба со 28 проценти во другите денови во декември.

Митовите опстојуваат

Иако сите сме свесни за овие проблематични статистики, митот за пиењето и возењето постои – митот кој за некои може да се покаже како фатален. Научните студии спроведени од Националниот институт за злоупотреба на алкохолот и алкохолизмот (НИААА) обезбедува важни информации кои се спротивни на овие широко распространети, но сепак неточни, верувања околу тоа колку брзо алкохолот влијае на телото, и колку долго траат овие ефекти.

Ефектите од алкохолот започнуваат брзо

Оние кои прославуваат со чашка алкохол можеби не признаваат дека критичните вештини при возење и способноста за донесување одлуки се намалуваат долго пред да се појават физичките знаци на пијаност.

На почетокот алкохолот делува како стимуланс и луѓето кои пијат може привремено да се чувствуваат само порасположени и возбудени. Но тие не треба да се залажуваат. Алкохолот брзо делува на сетилата и на пресметливоста, што води до хаотични одлуки додека сте зад воланот.

Се додека се конзумира се повеќе алкохол, страда времето за реакција, а однесувањето станува слабо контролирано и понекогаш агресивноста ги нарушува возачките способности. Продолженото пиење може да доведе до неразговетно зборување и губење на балансот, што вообичаено го поврзуваме со состојба на пијаност. На повисоките нивоа, алкохолот делува како депресив, што предизвикува возачот да заспие, а понекогаш дури и да ја загуби свеста.

Дури и кога ќе запрете со пиењето, ефектите на алкохолот не престануваат

По целовечерно пиење, исто така лесно може погрешно да се процени траењето на ефектите од алкохолот. Мнозина „журкаџии“ мислат дека можат безбедно да возат кога ќе престанат да пијат и по испиен филџан кафе. Вистината е дека алкохолот продолжува да влијае врз мозокот и телото уште долго по испиената последна чашка. Дури и кога некој ќе престане да пие, алкохолот во стомакот и во цревата продолжува да навлегува во крвотокот, и го нарушува просудувањето и координацијата на движењата уште неколку часови.

Возењето кон дома доцна навечер е посебно опасно, затоа што депресивните дејства на алкохолот ја засилуваат природната поспаност кај личноста. Тоа може да влијае врз возачките способности и до следниот ден, кога алкохолот кој останува во системот – или поради главоболката и дезориентацијата поврзани со мамурлакот – придонесуваат за чувство на забавеност, дури и кога личноста веќе не се чувствува пијано.

Пред да почнете да славите – однапред испланирајте

Се разбира, немаме намера никого да повредиме кога ќе седнеме зад воланот за време на празниците. Сепак сообраќајните фаталности и митовите околу пиеењето постојат – иако некои научни студии докажуваат како алкохолот влијае врз свеста и телото.

Бидејќи секој човек е различен, тешко е да се даде генерален совет во врска со пиењето. Но извесни факти се јасни – не постои начин да се забрза опоравувањето на мозокот од алкохол, и не постои начин да се носат исправни одлуки кога пиете премногу и пребрзо.

Па за оваа Нова година, не ги потценувајте ефектите од алкохолот. Не верувајте дека можете да ги победите. Еве неколку совети за да ги имате предвид ако изберете да пиете:

а. Воздржете се. Знаете што содржи еден стандарден пијалак, и не пијте повеќе од еден пијалак на час.
б. Направете план безбедно да стигнете до дома. Не заборавајте дека способен возач за управување е оној кој не пиел алкохол, а никако оној од вашата група кој пиел најмалку.

Отрезнување – митови и факти

Мит: Можете да возите се додека не почнете да пелтечите или да се тетеравите.
Факт: Координацијата потребна за возење е нарушена пред знаците дека сте во алкохолизирана состојба да станат видливи. Плус, смирувачкиот ефект на алкохолот го зголемува ризикот од заспивање и губење на вниманието додека сте зад воланот.

Мит: Напијте се кафе. Кофеинот ќе ве отрезни.
Факт: Кофеинот може да ви помогне со поспаноста, но не и во справување со ефектите на алкохолот врз донесувањето одлуки и кординацијата. На телото му треба време да го потроши (разбие) алкохолот и потоа да се врати во нормала. Не постојат брзи лекови – само времето помага.

Имајте безбедни празници!