Македонија
8. May 2017 - 11:01

Нова фасада на административната зграда на соборниот храм „Св. Петар и Павле“

Административната зграда на соборниот храм „Св. Петар и Павле“ во општината Ѓорче Петров доби сосема нов лик со замената на старите дрвени прозорци со нови ПВЦ прозори, со реновирање на крстилницата и со поставување нови влезни врати.

Во реконструкцијата на објектот, како што соопшти Општината, беше вклучено и поставувањето енергетско-ефикасна фасада на зградата која ќе придонесе за поголема заштеда на енергија, а објектот доби и сосема нов лик.

Старешината на црквата Коста Малинов на сите верници-донатори кои помогнаа во реализирање на овој проект им упати благодарност, апелирајќи до оние кои досега не се вклучиле со помош за реализација на овој проект да и помогнат на црквата.

Тој изрази благодарност и до општината Ѓорче Петров и до градоначалникот Сокол Митровски за помошта за овој проект.