Бизнис
11. December 2019 - 13:06

Нова фабрика во Пробиштип

Започна со рабпта новата фабрика во Пробиштип, инвестиција вредна 17 милиони евра. 

Се работи за леарница на железо и во оваа почетна фаза „Гранфилд Фаундри“ има 58 вработени.

Со проширување на инвестицијата во наредниот период се очекува бројот на вработени да изнесува околу 300.

Од менаџментот на компанијата велат дека следната инвестициска фаза ќе овозможи производство на делови за автомобилската индустрија.

За вицепремиерот Анѓушев е најважно што производството главно е извозно ориентирано, а го помага и развојот на локалната економија.

Премиерот Заев истакна дека оваа инвестиција е заедничко дело на двете влади, претходната и сегашната.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат дека добро е што премиерот призна дека заслуга има и претходното државно раководство, но сепак ја обвини власта дека требале подобро да комуницираат со странските инвеститори бидејќи според планот инвестицијата требало многу порано да се реализира, а освен тоа имало и други странски инвеститори заинтересирани да инвестираат во оваа област, но бргу се откажале од таа идеа.