Македонија
27. October 2015 - 20:43

Нова дигитална опрема во Кинотеката на Македонија

Со промоција на дигитализираната кинотечна сала, и со нов дигитален проектор (DCP) Кинотеката на Македонија го одбележи  Светскиот ден на на аудиовизуелното наследство на УНЕСКО.

Новата дигитална опрема ќе овозможи соодветна презентација на новите филмски остварувања од домашната и светската продукција, и на аудиовизуелниот материјал кој кинотеката го дигитализираше во изминатите години.

Годинешното мото за одбележување на овој ден е ,,Архивите во ризик: заштита на културниот идентитет во светски рамки,,.

Кинотеката на Македонија  му додели повелба на актерот Емил Рубен по повод 60 годиNI на филмското платно.

За обнова  на кинотечната сала и новата  дигитална опрема  Министерството за култура даде финансиска поддршка од 4,1 милиони денари.