Македонија
29. July 2022 - 16:53

Нова цена на парното, поскапува за над 14%, второ поскапување од Нова година

Парното поскапува за 14% до 16%, зависно од тоа кој е снабдувачот. Или, сметка од 1.800 денари сега ќе поскапи за околу 250 денари. Првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика вели дека поскапувањето на парното се должи единствено на драстично зголемените цени на гасот на светските берзи, кој се тргува по десет пати повисоки цени од пред кризата. Новите цени ќе важат од 1 август.

Но, неизвесно е дали зимава ќе има доволно гас со оглед на тоа што Македонија е целосно увозно зависна од овој енергенс. Законот предвидува дека доколку има недостиг од гас, топланите да работат на алтернативни начини, на пример на мазут. Бислимовски апелира да не се дозволи тоа бидејќи ќе предизвика сериозен еколошки проблем.

Од Владата велат дека прават планови за финансиска помош на ранливите категории.

Ова е второ поскапување годинава. Во јануари Регулаторна одлучи да ја зголеми цената за 14% и кога ќе се додаде новата одлука, тоа значи дека во време на оваа енергетска криза парното поскапе за над 28%.