Македонија
28. November 2016 - 11:11

Нова цена на горивата во Македонија


Американската лесна нафта за испорака во јануари поевтини за 7 центи на 47,96 долари за барел додека северноморската нафта од типот „брент“ која се увезува и во Македонија поевтини на 48,95 долари за барел.
Оваа цена е за 4 долари повисока од просечната цена на суровата нафта врз основа на која Регулаторната комисија за енергетика ја формираше малопродажната цена пред 2 недели.
За очекување е денеска околу пладне кога треба да бидат и објавени новите цени, Регулаторот да одлучи за благо поскапување.