-->
-->
Нова акција за пошумување на „Патриотско друштво“, засадени 1100 садници во Кучково
-->

Вчера во скопското село Кучково беше спроведена акција за пошумување, при што „Патриотско друштво“ засади 1100 нови садници. Во активноста учествуваа околу стотина млади, кои дадоа свој придонес во засадувањето.

Настанот започна со литургија во црквата „Свети Петар и Павле“, а потоа следеше самата акција на терен. По нејзиното завршување, за учесниците беше организиран заеднички ручек со посен грав.

Инаку, пред две недели, истото друштво реализираше слична иницијатива за пошумување и во Ајватовци, со значително учество на млади луѓе.


-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Нови пожари во Кавадаречко
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Се реактивираше големиот пожар во Кавадаречко
-

6 нови сомнителни случаи на западно-нилска треска
-

МЗ: Eпидемиолошката состојба во Гостивар е стабилна
-

СДСМ: Власта си игра со здравјето на граѓаните
-

Вонреден инспекциски надзор во три болници по случајот со парализираната родилка
-

Приведена кратовчанка за напад на туристи на Куклица
