Нов земјотрес ноќеска во скопското епицентрално подрачје

Нов земјотрес со интензинтет од IV-V степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван ноќеска во Скопје и околината.
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, ноќеска во 01 часот и 32 минути регистрира земјотрес од источниот дел на скопското епицентрално подрачје со Рихтерова локална магнитуда од 3.2.
Скопје и околината во изминатите три дена беа погодени од серија земјотреси од кои најсилниот беше регистриран во неделата во 15:10 часот со магнитуда од 5,3 степени по Рихтер.
Потресите предизвикаа вознемиреност кај населението, а лекарска помош по земјотресите досега побарале повеќе од 100 лица.
Потребата од проценка на безбедноста на објектите граѓаните треба да пријавуваат на бројот 195, каде се регистрирани 500 јавувања.
Надлежните институции посочуваат и на Упатството за самозаштита на граѓаните од земјотреси што може да се преземе на следниот линк: http://www.dzs.gov.mk/
Ново на Сител
-

Г7 пушта до 100 милиони барели нафта и дизел од резервите за да ги намали цените
-

Од декември построги услови за кредит
-

Македонците со минимална плата можат да купат 19% повеќе храна од пред пет години
-

Директор на „Државна лотарија“ на судењето негираше сознанија за влијание на Груби врз одлуките на Бајрами
-

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром
-

Мицкоски: Вештачката интелигенција е технологија на сегашноста, Македонија треба да биде активен учесник
-

Нарачал 700 грама хашиш од Шпанија да му стигне по пошта во Тетово, го чекале да ја подигне па го уапсиле
-

Утре му истекува притворoт на Јованов - Обвинителството бара да се одбие гаранцијата од 195.820 евра
