Нов Зеланд повторно почнува да прима бегалци

Нов Зеланд денеска соопшти дека овој месец повторно ќе почне да прифаќа бегалци, речиси една година откако ги затвори своите граници за да го запре ширењето на пандемијата на Ковид-19.
Група од 35 бегалци ќе пристигне во февруари, а околу 210 бегалци се очекува да влезат во земјата до 30 јуни, соопшти Службата за имиграција на Нов Зеланд.
– Со утврдени здравствени протоколи и безбедни патни правци, подготвени сме да ги пречекаме помалите групи семејства кои ќе станат жители на Нов Зеланд, за да ги започнат своите нови животи, рече Фиона Вајтриџ од Службата за имиграција.
Секој што ќе пристигне, ќе мора да помине 14 дена во самоизолација.
Владата на премиерката Јасинда Ардерн ги зголеми квотите за бегалци во текот на првиот мандат од 1.000 луѓе годишно на 1.500, почнувајќи од јули 2020 година.
Ново на Сител
-

Над 1000 казни за 2 дена
-

Повеќе можности за студентите, заедничка призната диплома на повидок
-

Македонски Каритас започнува проект од половина милион евра за подобрување на животната средина во седум општини од југоистокот
-

Трета година по ред ООУ Кочо Рацин од Прилеп организира еко акција за пошумување
-

Преглед на вестите од светот
-

Што треба да преземе Владата, за да се намалат инфлациските очекувања?
-

Тема на денот со Даниел Стојчевски, пратеник од ЗНАМ
-

Се водат ли преговори за завршување на војната на Блискиот Исток
