Нов убедлив пораз на МЗТ Скопје во АБА лигата
МЗТ Скопје Аеродром претрпе убедлив пораз на домашен терен во рамките на 9.коло од АБА лигата откако загуби од лидерот во ова натпреварување Будуќност со 93:71 (22:13; 21:20; 18:20 и 32:18).
Избраниците на тренерот Александар Тодоров беа рамноправни во вториот и третиот период, но разликата во квалитет Будуќност ја покажа во првата и последната четвртина.
На почетокот на последниот период Будуќност водеше со 61:53, а потоа тимот од Подгорица имаше серија од 17-0 за потврда на убедливиот триумф.
Ова за Будуќност беше осма победа во серија, а МЗТ Скопје го забележа петтиот пораз по ред.
Кај гостите сите играчи се запишаа во листата на стрелците, а најефикасен беше Никола Ивановиќ со 14 поени, додека кај МЗТ Скопје најпрецизни беа: Јуре Лалиќ и Бојан Трајковски со по 13 поени.
Будуќност е прв на табелата со 17 поени, додека МЗТ Скопје е последен со 11.
https://
Ново на Сител
-
„Пики блајндерс“ ќе добие и филм и нови епизоди
-
На граничните премини Табановце, Богородица и Дојран се чека до еден час
-
Англија ќе им забрани на трансродовите лица да учествуваат во женскиот фудбал
-
Опожарена барака на улица „Самоилова“ во Скопје
-
Нов повик за субвенциониран студентски оброк, проширен е опсегот на мерката
-
Мицкоски: Трудот е темелот на секоја напредна држава
-
ЦУК: Пробиштипјанец кој беше пријавен за исчезнат пронајден починат
-
Претрес во делчевско, пронајдена дрога