Кошарка
4. February 2017 - 10:25

Нов „трипл-дабл“ за Расел Вестбрук

 Кошаркарот на Оклахома, Расел Вестбрук ноќеска имаше ново шоу, и тоа на мечот против Мемфис кој неговиот тим го доби пред домашната публика. 
 
Вестбрук ја предводеше Оклахома допобедата над Мемфис со 114-102, а средбата ја заврши со нов „тропл-дабл„ учинок остварувајќи 38 поени, 13 скокови и 12 асистенции.
 
За Вестбрук кој се наметнува за најсериозен кандидат за признанието „МВП“ најкорисен играч во регуларниот дел од сезоната, ова беше 25-ти „трипл-дабл“ сезонава.
 
Кај гостите од Мемфис најзабележителен беше шпанскиот интернационалец Марк Гасол кој покрај 31 поени имаше и 8 асистенции.
 
Најголема неизвесност синоќа имаше на дуелот во Хјустон каде „Ракетите“ дури по по продолжение славеа победа  против Чикаго со 121-117. На Џејмс Харден му недостасуваше една асистенција за дуелот да го заврши си „трипл-дабл“ учинок, па покрај 42 поени и 12 скока, Харден имаше и 9 успешни додавања. 
 
На останатите натпревари одиграни ноќеска беа постигнати овие сезултати:
 
Орландо - Торонто 102:94
Детроит - Минесота 116:108
Бруклин - Индијана 97:106
Бостон - Л.А.Лејкерс 113:107
Денвер - Милвоки 121:117  
Портланд - Далас 104:108
Сакраменто - Феникс 103:105