Нов топлотен бран во Европа: Над 340 милиони луѓе под влијание на температури над 30 степени

Нов топлотен бран го зафати европскиот континент, при што максимални температури над 30 степени Целзиусови се очекува денеска да почувствуваат речиси три од пет жители на Европа (без Турција), односно околу 340 милиони луѓе.
Истовремено, области во Европа во кои живеат вкупно повеќе од 135 милиони луѓе – главно во Франција, Италија, Шпанија и Велика Британија – денеска се очекува во одредени периоди од денот да бидат погодени од температури над 35 степени Целзиусови. Тоа претставува значително зголемување во споредба со вчерашниот ден, кога прогнозите покажуваа дека температури над 35 степени ќе погодат најмалку 92 милиони луѓе.
Француски медиуми аннализата ја изработија врз основа на прогнозите на Германската метеоролошка служба и демографските проекции за 2025 година на Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија, а ги потврдува и податоците на австриската невладина организација „Климадашборд“. Европа и понатаму останува континентот со најбрзо зголемување на температурите во светот.
И денеска најголемите горештини се очекуваат во западниот и во јужниот дел на континентот:
Франција: Температури над 35 степени се прогнозираат во области со околу 50 милиони жители. Планинските предели веројатно ќе бидат помалку погодени, но горештините ќе ги зафатат и североисточните делови на земјата, кои вчера беа поштедени.
Италија: Слични температури се очекуваат за околу 29 милиони луѓе, особено долж западниот брег, во долината на реката По, во јужните делови на земјата и на островите.
Шпанија: Топлотниот бран ќе зафати големи делови од Пиринејскиот Полуостров, при што околу 25 милиони луѓе ќе бидат изложени на температури над 35 степени.
Велика Британија: Се очекува живата во термометрите да го надмине прагот од 35 степени за околу 23 милиони жители, главно во густо населените централни делови на Англија, вклучително и во Лондон. Британската национална метеоролошка служба во вторникот соопшти дека земјата е на пат да го забележи најтоплото лето во историјата.
МИА
Ново на Сител
-

Најмалку 27 луѓе загинаа при руски напад врз Буча
-

Земјоделците во Прилепско ги пријавуваат штетите од невремето, најголеми на тутунот и пиперката
-

Димитриеска-Кочоска: Градиме посилен систем на ревизија и контрола на јавните средства
-

ПСЖ повторно се спаси од пораз во Лига 1
-

Русија и Украина ги интензивираат меѓусебните напади
-

ДЗС: Отстранети гранати од минатите војни во атарот на село Мегленци во Новаци - предел што бил зафатен од пожар
-

Муцунски од Израел: Директна авиолинија Тел Авив–Скопје или Охрид, унапредување на соработката во туризмот
-

ЦУК: Пет пожари активни, еден под контрола
