Спорт плус
25. July 2022 - 16:18

Нов светски рекорд на Нигеријката Амусан

На СП во атлетика во Јуџин САД падна нов светски рекорд и тоа на 110 метри со пречки во женска конкуренција. 
Сопственик на најдобриот резултат на оваа патека на сите времиња е Тоби Амусан од Нигерија со време од 12 секунди и 12 стотинки што го постигна на полуфиналната трка. Интересно Амусан во финалната трка беше уште побрза но поради силен ветер резултатот од 12 секунди и 6 стотинки не и беше признат.  Зад златната Нигеријка се пласира Британи Андросон од Јамајка додека бронзениот медал и припадна на Јасмина Квин од Порторико.
Атлетскиот мундијал беше затворен со штафетните трки на 4 пати по 400 метри кои минаа во доминација на Американците. 
Во машка конкуренција домашните атлетичари беа побрзи од штафетите на Јамајка и Белгија додека кај жените САД го освоија златниот медал пред Јамајка и В. Британија.