Нов случај на КОВИД-19 во Малешевијата
Регистриран нов случај на КОВИД-19 во Берово. Со ова, бројката на активни случаи во оваа општина изнесува двајца пациенти. Надлежните институции иформираат дека двајцата пациенти се во добра здравствена состојба.
– Претходниот пациент е во добра здравствена состојба и наскоро се очекува да биде регистриран како оздравен. Што се однесува до новиот случај се работи за жител од повозрасната категорија граѓани. Се надеваме дека и покрај возраста добро ќе го поднесе вирусот, истакнуваат од Здравствен дом – Берово.
Во Берово од почетокот на пандемијата досега беа регистрирани 5 случаи на КОВИД-19, од кои еден пациент почина. Во општините од опкружувањето во Пехчево повеќе од две недели не се регистрирани позитивни пациенти на вирусот. Исто така и во Делчево нема позитивни пациенти на коронавирусот.
Ново на Сител
-
СДСМ утре избира претседател - зошто Филипче нема ниту еден противкандидат?
-
Нема алтернатива за ЕУ
-
Над 160 веб страници за нелегално онлајн обложување ќе бидат затворени
-
Какви цени нуди Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Aсмир Јахоски во Шутка - Судот ја прифати жалбата на обвинителството
-
Вучиќ: Ќе го уапсиме секој кој ќе предизвика нереди
-
Тема на денот со Љуљазим Фаризи, аналитичар