Свет
18. September 2015 - 14:23

Нов силен земјотрес во Чиле

Чиле денеска повторно го погоди земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтеровата скала.

Првиот земјотрес се случи вчера и беше 8,3 степени според Рихтер.

Епицентарот беше 90 километри северозападно од пристанишниот град Валпараиса, а на длабочина од 8,7 километри.

Во вчерашниот земјотрес во северниот дел на државата загинаа десет луѓе, 20 се повредени а евакуирани се еден милион луѓе.