Балкан
28. November 2016 - 8:37

Нов штрајк на вработените во јавниот транспорт во Атина

Вработените во метрото, градската железница и трамваите во Атина денеска повторно ќе излезат на улиците.

Тие протестираат поради плановите за спојување на транспортните оператори со Организацијата за јавен транспорт во Атина.

Протести се планирани да се одржат уште на 30 ноември и на 2 декември. 

Грчката Влада повика на дијалог во врска со преструктурирањето на јавниот градски сообраќај.