-->
-->
Нов рекорд на Меси
-->

Лионел Меси собори уште еден рекор, овојпат на легендарниот Телмо Зара.
Најдобриот стрелец во историјата на Примера, Лионел Меси со погодокот против Ла Коруња вчеравечер успеа да се најде на првата позиција на вечната листа на голгетери на домашен терен.
Ова беше гол број 180 во кариерата за Лионел Меси на „Ноу Камп“ на натпреварите во Ла Лига така што успеа да го остави зад себе Телмо Зара кој има 179.
Меси во ноември во 2014 година успеа да го помине Зара на вечната листа во Примера со 251 гол, па сега успеа да го симне од врвот во уште една катогорија.
Најблизу до водечката двојка е Алфредо ди Стефано кој во кариерта имаше 151 погодок на домашент терен, но таму за брзо време ќе дојде до смена бидејќи Кристијано Роналдо засега е на 150 гола.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Минатата недела санкционирани 114 непрописно паркирани возила во Центар
-

Дел од скопско Бардовци без вода
-

Еден загинат и тројца исчезнати во несреќа со мигранти на грчкиот остров Самос
-

Мобилен пронајден во келијата на газдата на „Пулс“
-

Мачките без влакна забранети во Холандија од 1 јануари
-

Лазаров: Промашивме пет пенали, така не може да се дојде до добар резултат
-

Од почетокот на декември 18.318 сообраќајни прекршоци, приведени 123 лица за безобзирно управување на возило
-

Последните месеци на Дејвид Боуви опишани во новата биографија
